Вежби
Вежба 1
Фокус: Разбирање и критичка анализа на наративите
Извадок:
Извадокот даден подолу е од краток расказ со наслов „Откритието“.
Внимателно прочитајте го извадокот пред да одговорите на прашањата.
„Открититето“
Лена луташе низ густата шума, нејзините очи го параа хоризонтот барајќи каков било знак за старото дрво. Таа одеше со часови, ја болеа нозете, а нејзиното срце силно чукаше од возбудата за откритието. Приказните на нејзината баба отсекогаш ја исполнувале со чудење – приказни за едно дрво постаро од самото село, дрво што ги чувало тајните од минатото. Како што влегуваше подлабоко во шумата, воздухот стануваше поладен и меко ветре почна да ги затресува лисјата.
Конечно, како по цел живот одење, Лена го здогледа – старото дрво, гордо исправено на средината на чистинката. Кората му беше рапава и беше покриено со мов, гранките извиткани кон небото, како рацете на голем заштитник. Лена пополека се доближи и ја испружи раката да ја допре рапавата кора. Во моментот кога го допре со прстите, таа почувствува нешто – чудна топлина, како да се поврза со нејзините предци.
Приказните беа вистина. Дрвото беше вистинско и сега, кога стои пред него, Лена се чувствуваше дека открила нешто многу помоќно од она што си го замислуваше.
Прашања со избор од повеќе одговори
1. Што е мотивот на Лена да оди во шумата?
А) да пронајде изгубено богатство
Б) да докаже дека е храбра
В) да открие старо дрво од приказните на нејзината баба
Г) да избега од нејзиното село
Одговорот е: В) да открие старо дрво од приказните на нејзината
баба.
2. Што симболизира дрвото за Лена?
А) извор на богатство
Б) Тајните од минатото
В) опасна пречка
Г) нејзините идни амбиции
Одговорот е: Б) Тајните од минатото
3. Кој збор најдобро ги опишува чувствата на Лена кога го наоѓа
дрвото?
А) Страв
Б) разочарување
В) воодушевување
Г) збунетост
Одговорот е: В) воодушевување
Прашања со кратки одговори
4. Како авторот создава чувство на мистерија додека трае потрагата на Лена за старото дрво?
Одговорот е: Авторот креира чувство на мистичност со сцената за густата шума, постепеното напредување на патувањето на Лена и описот на шумата која станува поладна и ветрот што ги ниша лисјата, упатувајќи на тоа дека нешто значајно ќе се случи.
5. Што ни кажува реакцијата на Лена на допирот на дрвото за нејзината поврзаност со нејзините предци?
Одговорот е: Реакцијата на Лена на допирот со дрвото, чувството на топлина и врската со историјата на нејзиниот народ, упатуваат на нејзината длабока поврзаност со нејзините предци. Дрвото не значи само физичко откритие, туку и емоционална и духовна врска со нејзините предци и со минатото.
Отворени прашања
6. Како презентирањето на шумата придонесува за темата на откривањето во расказот?
Одговорот е: Сликата за шумата е клучна за темата на откривањето. Шумата го претставува непознатото, место исполнето со потенцијални тајни и скриени вистини. Како што Лена навлегува сè подлабоко во шумата, таа се оддалечува од познатото и се приближува до откривање на нешто древно и значајно. Изолираноста на чистинката, каде што дрвото е само, го засилува чувството на длабоко откритие што чека да се случи.
7. Авторот користи живи слики за описот на старото дрво. Како овие слики му помагаат на читателот да ја разбере важноста на дрвото?
Одговорот е: Сликата за дрвото кое „стои гордо“ со „гранки извиткани кон небото“ прават дрвото да изгледа возвишено, па дури и натприродно. Описот на кората на дрвото како рапава и покриена со мов дава впечаток дека дрвото е многу старо и дека издржало многу, со што се засилува неговата значајност како нешто древно и моќно. Таа слика му помага на читателот да разбере дека тоа не е само обично дрво, туку симбол на минатото и наследството на Лена, а тоа право откритието да се доживее како нешто многу значајно.
8. Во многу приказни, патувањата во шума се симболика. Што друго може да значи патувањето на Лена во шумата освен физичкото барање на старото дрво?
Одговорот е: Патувањето на Лена во шумата може да симболизира потрага по себеоткривање и подлабоко разбирање за сопствениот идентитет и наследство. Шумите во литературата често го претставуваат непознатото или потсвесното, така, потрагата на Лена може да се гледа како метафора за откривање на скриените вистини за минатото на нејзиното семејство и поврзаноста со таа историја. Патувањето, исто така, може да значи раст, бидејќи Лена не само што го пронаоѓа дрвото, туку открива нешто моќно во себеси.
9. Врз основа на овој извадок, како би го опишале односот на Лена со приказните на нејзината баба? Поткрепете го вашиот одговор со докази наведени во текстот.
Одговорот е: Односот на Лена со приказните што и ги раскажувала баба и изгледа како однос на восхитување и верување во тие приказни. Фактот што таа има волја да пешачи со часови за да го пронајде дрвото покажува колку длабоко верува во приказните што и ги раскажувала баба и. Кога конечно го пронаоѓа дрвото, таа веднаш ја препознава неговата важност, а нејзината емоционална реакција (чувството на топлина и поврзаност) упатува на тоа дека овие приказни го обликувале нејзиното сознание за нејзиниот идентитет и минато.
Вежба 2
Извадок: „Патот до дома“
(Прочитајте го следниот извадок од измислениот расказ за да одговорите на прашањата дадени подолу)
„Сонцето само што пропаднало под хоризонтот кога Клара сфаќа дека тргнала по погрешниот пат. Таа погледнува наоколу, дезориентирана од непознатите дрвја околу неа. Почнува да ја фаќа паника, но се труфи да остане смирена. Ова требаше да биде опуштена попладневна прошетка, а сега се претвори во трка со самракот.
„Можеби треба да се вратам назад“ си помисли, но патот зад неа изгледа исто толку несигурен како тој пред неа. Таа го провери телефонот, колку да види дека нема сигнал. Клара си ја гризна устата, обидувајќи се да не биде престрашена. Требаше да си се држи на главниот пат.
Во далечината, речиси нечујно се слушаше вода - можеби поток. Следејќи го звукот, Клара помина низ густата шума. Како што одеше и навираа спомени од детството. Се сети на екскурзиите со кампување со нејзиното семејство, нејзиниот татко секогаш беше водичот, со смирена сигурност што и недостига сега. „Ќе си го најдеш патот, само ако ја држиш главата исправено“ и рече еднаш.
Со тоа сеќавање, Клара се почувствува помалку исплашена. „Ќе продолжам да одам“ си рече, следејќи го жуборењето на водата, надевајќи се дека ќе ја донесе до дома'.
Прашања со избор од повеќе одговори
1. Што е главната загриженост на Клара на почетокот од
извадокот?
А) уморена е од одење.
Б) сфаќа дека го погрешила патот.
В) не може да си го најде телефонот.
Г) изгубена е во нејзините спомени од детството.
Одговорот е: Б) сфаќа дека го погрешила патот.
2. Што симболизира жуборот на водата за Клара?
А) нејзините спомени од детството.
Б) потсетник на нејзиниот татко и како ја водел.
В) потенцијален начин да го најде патот до дома.
Г) Паниката што ја чувствува во шумата.
Одговорот е: В) потенцијален начин да го најде патот до
дома.
3. Како се менува ставот на Клара кон крајот на извадокот?
А) сè повеќе се фрустрира.
Б) се чувствува посамоуверено откако се сеќава на советот од татко и.
В) се откажува и седнува крај патеката.
Г) одлучува да чека помош.
Одговорот е: Б) се чувствува посамоуверено откако се сеќава на советот од татко и.
4. Зошто Клара е исплашена на средина од патеката?
А) слуша животно во близина.
Б) патеката зад неа изгледа исто толку несигурна како таа пред неа.
В) го испушти телефонот.
Г) се присетува на минато трауматско искуство.
Одговорот е: Б) патеката зад неа изгледа исто толку несигурна како таа пред неа.
Прашања со кратки одговори
1. Каква е улогата на спомените од детството на Клара во овој извадок?
Одговорот е:
Спомените од детството, посебно сеќавањето на советот на нејзиниот татко на еден од нивните излети во природа и дава утеха и ја води. Сеќавајќи се на смиреноста и сигурноста на нејзиниот татко и неговиот совет да ја држи главата горе и дава на Клара самодоверба да продолжи да се движи напред наместо да се препушти на стравот.
2. Објаснете ја важноста на сликата (шумата) во обликувањето на доживувањето на Клара.
Одговорот е:
Шумата е и физичка и симболична слика во приказната. Физички, претставува препрека што треба да ја помине Клара за да дојде до дома. Симболично, претставува нејзината внатрешна борба со стравот и несигурноста. Заедно со соочувањето со густата, непозната шума и темницата, Клара мора, исто така, да се соочи со нејзината анксиозност, но, во шумата се слуша и жуборење на вода, кое служи како потенцијално решение и извор на надеж.
Отворени прашања
1. Како авторот создава чувство на напнатост во извадокот? Поткрепете го вашиот одговор со докази наведени во текстот.
Одговорот е:
Авторот создава напнатост со тоа што дава контраст помеѓу почетната самодоверба на Клара додека оди, со постепеното растење на чувството на страв кога станува свесна дека залутала. Залезот на сонцето, непознатото окружување и тоа што нема сигнал на телефонот придонесуваат да се чувствува изолирано. Внатрешниот конфликт на Клара - нејзиниот страв и неодлучност - ја зголемува напнатоста, особено кога размислува да се врати назад, но сфаќа дека патеката зад неа е исто несигурна. Доаѓањето на ноќта и тоа што е сама во шумата доведуваат до паника, која се олеснува кога таа се присетува на советот на нејзиниот татко и кога ќе го слушне жуборењето на водата.
2. Како се развива ликот на Клара во извадокот? Што дознаваме за неа до крајот на текстот?
Одговорот е:
Клара на почетокот се чувствува изгубена и исплашена откако ќе сфати дека ја погрешила патеката. Со доаѓањето на ноќта и немање сигнал на телефонот се зголемува и стравот кај неа. Меѓутоа, со присетување на кампувањата од детството и советот на нејзиниот татко, Клара ја враќа смиреноста. Ова сеќавање и помага да си ја врати самодовербата и до крајот на текстот таа е одлучна да продолжи да се движи напред и да го следи жуборењето на водата со надеж дека ќе го најде патот до дома. Развојот на Клара ја открива нејзината истрајност и способност да извлече сила од минати искуства за да се соочи со тековните предизвици.
3. Во овој расказ, жуборењето на водата е важен елемент. Разговарајте како авторот го користи звукот на водата да симболизира надеж и врската на Клара со нејзиното минато.
Одговорот е:
Жуборењето на водата служи како пресврт во приказната, симболизирајќи надеж и врската на Клара со спомените од нејзиното детство. Откако Клара го слуша жуборењето, таа одлучува да го следи звукот, верувајќи дека тоа ќе ја однесе до дома. Овој звук претставува излез од нејзината дезориентирана состојба во шумата, давајќи и конкретна насока што треба да ја следи. Дополнително, звукот враќа сеќавања на нејзиниот татко и кампувањата и дополнително ја јакне нејзината одлучност. Водата симболизира живот и движење, симболизирајќи го емоционалното патување на Клара од стравот кон одлучноста. Претставува надеж не само во буквална смисла (пат до дома), туку, исто така и симболично, ја поврзува со лекциите и искуствата од нејзиното минато.

