Што е наратив?
Наратив е расказ, односно запис на настани, без оглед дали се вистинити или измислени.
Наративите често ги содржат следните елементи:
1. Дејство: Редоследот на настаните што го сочинуваат расказот. Тука вообичаено се вклучени:
- Претставување (експозиција): Воведување на ликовите, претставување на местото на дејството и основни информации.
- Успон на дејството/заплет: Настаните што водат до главниот проблем или конфликт.
- Кулминација: Пресвртната точка, односно најинтензивниот момент.
- Пад на дејството/расплет: Настаните после кулминацијата кои водат до расплетот/разрешницата.
- Разрешница/заклучок: Заклучокот на расказот, каде што се решени конфликтите.
2. Ликови: Единки (луѓе, животни или измислени суштества) кои учествуваат во расказот. Тие може да бидат:
- Протагонисти: Главни ликови, кои често се соочуваат со проблем или предизвик.
- Антагонисти: Ликови или сили што се спротивставуваат на протагонистот.
3. Сцена/место на дејството: Местото и времето на случување на дејството. Тука се вклучени времето, местото и средината.
4. Тема: Основната порака, односно голема идеја на расказот, често тоа се универзални теми како што е љубовта, предавството, храброста или идентитетот.
5. Гледиште/Перспектива: Гледиштето од кое се раскажува приказната. Може да биде:
- Во прво лице: Нараторот е лик во расказот, користи „Јас“ или „Ние“.
- Во трето лице – ограничено: Нараторот е надвор од приказната, но ги знае мислите и чувствата на ликот.
- Во трето лице - сеприсутно: Нараторот знае сè и може да види што мислат ликовите.
Пример за наратив и анализа
Ајде да погледнеме еден пример од еден познат роман: „Авантурите на Том Соер“ од Марк Твен.
Дејство:
Том е немирно момче кое расте во мал град на реката
Мисисипи. Тој бега од часови, се вовлекува во неволји со
пријателите и сонува за авантура. Кога тој и неговиот пријател
Хак ќе засведочат криминал, тие мора да одлучат дали ќе ја
кажат вистината, па дури и по цена тоа да ги стави во
опасност.
Ликови:
Том Соер: Протагонистот, паметно момче авантурист, кое се
бори со себеси да постапи правилно.
Хаклбери Фин: Најдобриот пријател на Том, кој живее надвор
од законите во општеството.
Индијанецот Џо: Антагонистот, криминалец кој прави проблеми
за Том и за градот.
Сцена/место на дејството:
Дејството се случува во мало американско гратче во
средината на 19 век, покрај реката Мисисипи.
Тема:
Романот ги разгледува темите на пријателство, морален раст и авантура. Патувањето на Том не се само надворешните авантури, туку и учење на одговорност и развој на совест.
Гледиште/Перспектива:
Дејството се раскажува во трето лице- сеприсутно, а тоа значи дека нараторот знае сè што се случува и што мислат сите ликови.
Прашање за осврт:
Како одлуката на Том да ја каже вистината за криминалот се одразува на неговиот раст како лик?
