top of page

Вежби

Вежба 1

Фокус: Разбирање и критичка анализа на информативните текстови (статии, есеи, извештаи)

Извадок: Извадокот подолу е од статија со наслов „Иднината на обновливата енергија“. 

Внимателно прочитајте го извадокот пред да одговорите на прашањата.

„Иднината на обновливата енергија“

Во изминатите неколку децении, притисокот за обновлива енергија се интензивираше со растот на загриженоста за климатските промени и намалувањето на резервите на фосилни горива. Владите, научниците и организациите за заштита на животната средина ширум светот лобираат за транзиција кон почисти извори на енергија, како што се ветрот, соларната енергија и хидро-енергија. Овие обновливи извори на енергија имаат потенцијал да ги намалат емисиите на стакленички гасови, да го подобрат квалитетот на воздухот и да создадат одржлива иднина за планетата.

Една од примарните предности на обновливата енергија е нејзината способност за генерирање енергија без притоа да се генерираат штетни емисии. За разлика од фосилните горива, кои испуштаат јаглерод диоксид и други загадувачи во атмосферата, обновливите извори на енергија се потпираат на природните процеси што не придонесуваат кон глобалното затоплување. На пример, соларните панели ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија, а ветерните турбини ја црпат енергијата од ветрот за да генерираат електрична енергија и сето тоа без емисија на стакленички гасови.

Меѓутоа, постојат предизвици поврзани со преминот кон обновлива енергија. Една од најголемите препреки е иницијалната цена за инфраструктурата. За поставување на соларни фарми, ветерници и хидроелектрани потребни се значајни инвестиции.  Дополнително, обновливите извори на енергија може да бидат нестабилни; соларните централи зависат од сончева светлина, а ветерниците од ветрови. Ваквата променливост значи дека се потребни решенија за складирање на енергијата, како што се напредни акумулатори, за да се осигури стабилно снабдување со електрична енергија.

И покрај овие предизвици, иднината на обновливата енергија ветува. Технолошките напредоци ја намалуваат цената за инфраструктурата за обновлива енергија, а новите иновации во капацитетите за чување на енергијата помагаат да се стабилизира електричната мрежа.       

Со зголемување на бројот на земјите кои инвестираат во обновлива енергија, станува јасно дека овие извори ќе играат клучна улога за иднината на глобалното производство на енергија.

​​

Прашања со избор од повеќе одговори 

1. Според извадокот, која е главната придобивка од обновливата енергија? 

А) поевтина е од фосилните горива. 

Б) Генерира електрична енергија без штетни емисии. 

В) Може да генерира енергија во сите временски услови. 

Г) Не е потребна иницијална инвестиција. 

Одговорот е: Б) Генерира електрична енергија без штетни

емисии.

 

2. Кој е еден предизвик што се спомнува во извадокот во

однос на обновливата енергија? 

А) Не може да се спроведе во широки рамки. 

Б) Технологијата сè уште не е достапна. 

В) Изворите на обновлива енергија не се стабилни и

потребни се решенија за складирање на енергијата. 

Г) Обновливата енергија го зголемува загадувањето. 

Одговорот е: В) Изворите на обновлива енергија не се

стабилни и потребни се решенија за складирање на

енергијата.

 

3. Каков е генералниот тон/пристап на статијата кон обновливата енергија? 

А) Песимистичен 

Б) неутрален   

В) оптимистичен 

Г) несигурен   

Одговорот е: В) оптимистичен

 

4. Кое од следното не е извор на обновлива енергија што се спомнува во извадокот? 

А) Ветер 

Б) Нуклеарна енергија 

В) Соларна енергија 

Г) хидро-енергија (енергија од вода) 

Одговорот е: Б) Нуклеарна енергија

 Прашања со кратки одговори

 

5. Врз основа на статијата, објаснете зошто обновливата енергија се смета за поеколошка во споредба со фосилните горива. 

Одговорот е: Обновливата енергија се смета дека е поеколошка во споредба со фосилните горива бидејќи генерира електрична енергија без емисии на стакленички гасови или други штетни емисии. Соларната енергија, ветрот и енергијата што се добива од водата се потпираат на природните процеси, како што е сончевата светлина и ветрот, кои не придонесуваат за глобалното затоплување или за загадувањето на воздухот.

 

6. Зошто иницијалните трошоци за инфраструктурата за обновлива енергија се сметаат за предизвик? 

Одговорот е: Иницијалните трошоци за инфраструктурата за обновлива енергија се сметаат за предизвик бидејќи за поставување на соларни фарми, ветерни турбини и хидроелектрани потребни се големи финансиски инвестиции. Ваквите иницијални трошоци претставуваат предизвик за одредени региони брзо да ги усвојат технологиите за обновлива енергија.

 

7. Каква е улогата на решенијата за складирање на енергијата во системите на обновлива енергија? 

Одговорот е: Решенијата за складирање на енергијата, како што се напредни акумулатори, се неопходни за да се осигури стабилно снабдување со електрична енергија бидејќи обновливите извори на енергија како што е соларната енергија и ветрот не се стабилни. Соларната енергија зависи од сончевата светлина, а енергијата од ветрот зависи од стабилни ветрови, така што со решенија за складирање на енергијата ќе може да се урамнотежи производството и побарувачката кога овие извори не се достапни.

 

Отворени прашања

 

8. Статијата спомнува и предности и предизвици со обновливата енергија. Според вас, дали придобивките преовладуваат над предизвиците? Поткрепете го вашиот одговор со причини наведени во текстот. 

Одговорот е: Учениците може да дадат различни одговори. Добар одговор би бил да се наведе дека придобивките од обновливата енергија, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови и придонесот кон одржлива иднина, се поголеми од предизвиците. Текстот наведува дека иако иницијалната инвестиција е висока и изворите на енергија може да бидат нестабилни, технолошките напредоци се справуваат со овие предизвици и долгорочните придобивки за животната средина прават оваа инвестиција да биде исплатлива.

 

9. Врз основа на информациите од статијата, дали сметате дека напредокот во технологијата ќе влијае врз иднината на обновливата енергија? 

Одговорот е: Технолошките напредоци веројатно ќе направат обновливите извори на енергија да бидат подостапни и посигурни. Како што се спомнува во извадокот, новите технологии ги намалуваат трошоците за инфраструктурата, а подобрувањата во однос на складирање на енергијата помагаат да се решат прашањата во однос на нестабилноста на изворите на обновлива енергија. Ваквите напредоци би можеле да доведат до пошироко прифаќање на обновливата енергија и да помогнат да се стабилизираат енергетските мрежи во иднина.

 

10. Обновливите извори на енергија како што е ветрот и соларната енергија не се секогаш достапни. Какви стратегии би можеле да се применат за да се надмине променливоста на овие извори на енергија? 

Одговорот е: Една стратегија за надминување на променливоста на обновливите извори на енергија е користење на системи за складирање на енергијата, како што се акумулатори, за да се складира вишокот енергија за користење во периодите кога соларната и енергијата од ветер не се достапни. Друга стратегија е да се користат разновидни извори на енергија, комбинација од соларна и енергија од ветер и други обновливи извори за да се осигури стабилно снабдување со енергија. Дополнително, подобрувањата во управувањето со мрежата и енергетската ефикасност може да помогне да се урамнотежи понудата и побарувачката.

Вежба 2

Фокус: Разбирање и критичка анализа на информативните текстови (статии, есеи, извештаи)

Извадок: Извадокот подолу е од статија со наслов „Придобивките од урбани зелени површини" 

 

Упатства: 

Овој тест вклучува прашања со избор од повеќе одговори, прашања со кратки одговори и отворени прашања за да се оцени читањето со разбирање врз основа на информативен текст (на пример, статија, есеј или извештај). Внимателно прочитајте го текстот пред да одговорите на прашањата.

 

„Придобивките од урбаните зелени површини“

 

Урбаните зелени површини, како што се парковите и градините, играат витална улога во унапредувањето на квалитетот на животот за жителите на градовите. Овие површини не само што обезбедуваат простор за рекреација и релаксација, туку, исто така, имаат и еколошки придобивки со подобрување на урбаното живеење. Направени се истражувања кои покажале дека изложувањето на зелени простори може да го намали стресот, да го подобри менталното здравје и да поттикне на физичка активност. Понатаму, парковите и градините помагаат да се намали загадувањето на воздухот со тоа што го апсорбираат јаглеродниот диоксид и испуштаат кислород.

Дополнително на придобивките во однос на животната средина и здравјето на луѓето, урбаните зелени површини, исто така, придонесуваат кон социјалната структура на градовите. Тие служат како јавен простор каде што луѓето од различни социјални структури може да се собираат, да промовираат социјална интеракција и кохезија. Урбаните планери и владите сè повеќе ја препознаваат важноста од вклучување на зелени површини во градовите, за да се создаде одржлива средина во која може да се живее.

 

 Прашања со избор од повеќе одговори

 

1. Која е примарната цел на урбаните зелени површини опишани во текстот? 

   А) Да создадат повеќе работни места во градовите. 

   Б) Да обезбедат простор за шопинг и угостителски објекти. 

   В) да го подобрат квалитетот на животот и да придонесат кон заштита на животната средина. 

   Г) да ја намалат потребата за урбано планирање.

   Одговорот е: В) да го подобрат квалитетот на животот и да придонесат кон заштита на животната средина.

2. Според текстот, како урбаните зелени површини придонесуваат за

животната средина? 

   А) со зголемување на сообраќајот во градовите. 

   Б) со обезбедување опции за забава за туристите. 

   В) со апсорбирање на јаглеродот диоксид и испуштање кислород 

   Г) со намалување на бројот на згради во градовите.

   Одговорот е: В) со апсорбирање на јаглеродот диоксид и испуштање

кислород

3. Која е социјалната придобивка од урбаните зелени површини што се

спомнува во текстот? 

   А) Помагаат да се намали бројот на жители во градот. 

   Б) промовираат социјална интеракција и кохезија. 

   В) обезбедуваат повеќе резиденцијален простор во градовите. 

   Г) ги намалуваат трошоците на владата за јавни услуги.

   Одговорот е: Б) промовираат социјална интеракција и кохезија.

4. Зошто владите и урбаните планери се фокусираат на вклучување

зелени површини во градовите? 

   А) за да ја зголемат вредноста на недвижностите. 

   Б) да изградат повеќе патишта и автопати. 

   в) да ги направат градовите поодржливи и подобри за живеење. 

   Г) Да ги поттикнат жителите да користат јавен превоз.

   Одговорот е: Б) да ги направат градовите поодржливи и подобри за живеење.

Прашања со кратки одговори

 

1. Според текстот која е улогата на урбаните зелени површини во подобрувањето на менталното здравје?

   Одговорот е: 

   Урбаните зелени површини помагаат да се подобри менталното здравје со намалување на стресот и тоа што нудат простор за релаксација и рекреација. Изложување на природа е докажано дека има смирувачко влијание, а тоа може да помогне за целокупна подобра здравствена состојба на луѓето што живеат во градовите.

2. Како зелените површини придонесуваат кон одржливост на животната средина во градовите?

   Одговорот е: 

   Зелените површини придонесуваат кон одржливост на животната средина со апсорбирање на јаглерод диоксид, со што се намалува загадувањето на воздухот и испуштаат кислород, а тоа го подобрува квалитетот на воздухот. Ова создава поздрава атмосфера во урбаните места и помага за зачувување на животната средина.

 

Отворени прашања

 

1. Објаснете како урбаните зелени површини може да влијаат врз здравјето на поединците и односите во заедницата. Користете примери од текстот за да го поткрепите својот одговор.

   Одговорот е: 

   Урбаните зелени површини придонесуваат кон здравјето на поединците со тоа што обезбедуваат простор за рекреација, релаксација и физичка активност. На пример, текстот спомнува дека изложување на зелени површини може да го намали стресот и да го подобри менталното здравје. Ова е клучно во градовите, каде што жителите често живеат во динамична и стресна средина. На ниво на заедница, зелените површини поттикнуваат социјална интеракција и кохезија со тоа што служат како јавен простор каде што различни луѓе можат да се дружат. Парковите и градините ги поттикнуваат луѓето да се дружат, а тоа ги јакне социјалните врски и создава чувство на заедништво во урбаните средини.

2. Разговарајте зошто урганите планери и владите ги гледаат зелените површини во градовите како клучен елемент за создавање одржливи средини. Кои се долгорочните придобивки за градовите и нивните жители?

   Одговорот е: 

   Урбаните планери и владите препознаваат дека планирање зелени површини е клучно за создавање одржливи градови, поради нивните еколошки, здравствени и социјални придобивки. Зелените површини помагаат да се намали загадувањето на воздухот, да се унапреди физичкото и менталното здравје и да се негува социјалната кохезија. Долгорочно, овие придобивки може да доведат до поздраво население, намалување на трошоците за здравствена заштита и поотпорни урбани средини. Со подобрување на квалитетот на воздухот и овозможување простор за социјална интеракција, зелените површини прават градовите да се подобри за живот, да бидат привлечни и еколошки, а тоа на крајот придонесува за поголем квалитет на животот за сите жители.

 

Критериуми за процена

 

1. Разбирање на текстот: 

   Учениците мора да покажат способност да се сетат на информациите од информативниот текст, да го толкуваат значењето и да ги идентификуваат главните идеи и придружни информации.

  

2. Толкување и процена: 

   Учениците треба да покажат вештина за толкување на фактичката содржина и да ги проценат аргументите што се презентирани во текстот, особено кога се дискутира за предностите и предизвиците за обновливата енергија.

 

3. Ангажираност за текстот: 

   Учениците треба критички да пристапат кон текстот, со тоа што ќе формираат добро осмислени одговори на отворените прашања, со помош на доказите од статијата како поддршка за нивното размислување.

3d-windmill-project-saving-energy_23-2148907407.jpg
image.png


Автор: Олга Самарџиќ Јанкова

Илустрациите во материјалот се од https://www.freepik.com/

или направени со ВИ

image.png
bottom of page